Дијалектика
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Дијалектика

www.dijalektika-dd.tk
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите

Go down 
2 posters
АвторПорака
MaheR

MaheR


Male
Број на мислења : 164
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2008-04-20

10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Empty
ПишувањеПредмет: 10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите   10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Icon_minitimeНед Мај 04, 2008 7:20 pm

Fatal error: the system has become unstable or is busy. Enter to return to Windows or press Control-Alt-Delete to restart your computer. If you do this you will lose any unsaved information in all open applications.
Ова е добро познатиот плав екран или Blue Screen of Death - BSOD. Секој што користи или барем некогаш користел Microsoft Windows оперативен систем, го сретнал овој проблем. Што можете да направите? Или уште поважно, како да го спречите појавувањето на овој проблем?



1 Хардверски конфликт

Број еден причина за рушење на Windows системот е хардверски конфликт. Секој хардверски уред кај компјутерот комуницира со другите, преку т.н. interrupt request канал (IRQ). Тој треба да биде уникатен и единствен за секој уред односно хардверска компонента.

На пример, принтерот обично го користи IRQ 7 каналот, тастатурата IRQ 1 а флопи драјвот IRQ 6. Секој уред се обидува да си го резервира и задржи својот канал за себе.

Ако системот има многу уреди, или ако тие не се инсталирани соодветно, можно е да се случи два или повеќе различни уреди да делат иста IRQ вредност. Кога корисникот се обидува да ги користи тие уреди истовремено, можно е нестабилност и паѓање на системот. За да проверите дали вашите хардверски компненти имаат конфликт, направете го следново.
Отворете Start > Settings > Control Panel > System > Device Manager.

Често кога некој уред има конфликт, се појавува знакот извичник врз иконата на уредот во Device Manager-от. За да ги проверите сите резервирани IRQ броеви во вашиот систем, отворете
Start > Programs > Accessories > System Tools и отворете го System Information. Од левата страна најдете го IRQ’s во секцијата Hardware Resources. Многу често е случај на делење на некој IRQ број од страна на два или повеќе уреди но не секогаш тоа представува проблем. Во денешните компјутери скоро и да не постои конфигурација што не користи некој IRQ број за повеќе компоненти. Но доколку сепак ова претставува поголем проблем, најдобро решение е одстранување на уредот и негово преинсталирање. Понекогаш можеби е потребно да ги превземете најновите драјвери од интернет за соодветниот хардвер за да функционира правилно. Еден од најдобрите веб сајтови со речиси сите можни драјвери за најразлични хардверски компоненти е страната www.driverguide.com. Или уште посигурно е да ги побарате драјверите од официјалниот сајт на производителот на соодветниот уред. Исто така доколку уредот кој што има конфликт е аудио картичка или модем, понекогаш многу корисно решение е доколку истиот се премести на друг слот или порт. Напомена: секогаш кога работите нешто со внатрешниот хардвер на вашиот компјутер, строго се препорачува компјутерот претходно да е исклучен, главните водови за напојување да бидат откачени, и да го неутрализирате можниот статички електрицитет во вашето тело со тоа што ќе допрете некоја метална нефарбана површина.

Да бидеме фер спрема Microsoft, проблемот со IRQ броевите не е воопшто нивна вина. Тоа е суштински проблем уште од времето на првите PC-а базирани на IBM 8086 чиповите. Тогаш бројот на IRQ канали беше 8, потоа беше 16, а поради се поголемиот број на хардверски уреди и најразлични компјутерски гаџети, кај денешните PC-а бројот на IRQ канали се повеќе се зголемува.



2 Неисправна RAM меморија

Проблемот со RAM мемориите најчесто предизвикува појава на плавиот екран - BSOD со порака која вели Fatal Exception Error. Ова значи навистина сериозен хардверски проблем. Понекогаш тоа значи дека некој дел од вашата меморија е оштетен и треба да го замените меморискиот модул.

Но исто така овој проблем може да биде предизвикан и од несоодветни и некомпатибилни мемориски чипови, или комбинација на два или повеќе мемориски модули кои меѓусебно се разликуваат во некои карактеристики. На пример, комбинирање на 70ns (наносекунди) RAM со 60ns Ram најчесто предизвикува вкупниот RAM да работи со помалата брзина. Ова ќе доведе до рушење на системот доколку RAM-от се преоптерети со некоја апликација.

Едно од решенијата е во BIOS-от на плочата да се зголеми тајмингот на RAM-от. Ова може значително да ја подобри стабилноста на системот. Друг начин за решавање на овој проблем е да се преместат RAM модулите на други слотови, да си ги заменат местата, или пак да се одстрани некој модул. Обидете се да ги проверете сите околности и да видите во која ситуација системот е нестабилен. Кога ракувате со модулите, припазете да не ги допирате златните конектори на истите, во спротивно лесно може да ги оштетите модулите.

Доколку на екранот се појави порака за Parity error, тоа исто така се однесува на RAM-от. Модерните мемориски чипови се или parity (ECC), или non parity (non-ECC). Најдобро е да не се комбинираат двата типа, бидејќи може да предизвикуваат проблем.

EMM386 пораката исто така се однесува на меморијата, но немора да значи дека се работи за RAM-от. Тоа може да биде последица од проблемот со слободната меморија, и често се однесува на старите DOS апликации.



3 BIOS подесувања

Секоја матична плоча е обезбедена со спектар на подесувања на чипсетот, кои се усвојуваат во компанијата која што ги произведува. Најчест начин со кој се пристапува до овие подесувања е притискање на копчето delete или F2 на тастатурата, при првите секунди од стартувањето на системот.

Еднаш штом ќе пристапите во BIOS-от, треба да водите голема грижа при промените на подесувањата што ги правите, ова поготово важи за понеискусните корисници. Добра идеја е да ги запишете на хартија основните (стандардните) подесувања што се поставени. На тој начин, доколку со промените кои што ќе ги направите, вашиот систем стане уште понестабилен, ќе знаете како да ги вратите првичните поставки.

Еден ед најчестите грешки со BIOS-от е CAS latency вредноста која се однесува на RAM-от. Постарите EDO (extended data out) мемории имаат CAS latency 3. Поновите SDRam мемории имаат вредност од CAS latency 2, а најновите DDRam мемории може да имаат вредност 3, 2.5, а некои и 2. Поставување на погрешна вредност може да предизвика заклучување на меморијата и замрзнување на сликата на екранот.

Microsoft Windows системите се подобри во доделувањето на IRQ вредностите од било кој BIOS. Доколку е можно, поставете го на автоматско доделувањето на IRQ вредностите во BIOS. Ова ќе му овозможи на Windows-от самиот да ги додели вредностите (проверете дали опцијата Plug and Play OS во BIOS е поставена на “yes” или “PnPOS”).

Продолжува...
Вратете се на почетокот Go down
MaheR

MaheR


Male
Број на мислења : 164
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2008-04-20

10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Empty
ПишувањеПредмет: Re: 10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите   10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Icon_minitimeНед Мај 04, 2008 7:23 pm

...

4 Проблеми со Хард Дискот

После долго работење на компјутерот, податоците на хард дискот стануваат фрагментирани или “растурени”. Затоа е добра идеја одвреме навреме да се врши дефрагментирање на хард дискот (пожелно е еднаш неделно) за да спречите замрзнување и паѓање на системот. Windows вклучува во себе алатка за дефрагментирање на дискот. За да ја стартувате програмата, одете во Start>Programs>Accessories>System Tools>Disk Defragmenter. Од тука имате опција да изберете кој драјв или партиција сакате да ја дефрагментирате.

Хард дискот може во значителна мера да ја успори својата функционалност или да се блокира доколку е преполн. Се препорачува секогаш да се води сметка на оптеретеноста на дискот и ослободување на доволно место за непречено и полесно фунционирање. Ова претежно важи за системската партиција која најчесто кај Windows системите е (C:), бидејќи на самиот Windows му е потребно доволно слободно место за правилно функционирање. Од време на време можете да ги исчистите непотребните податоци и фајлови што самиот Windows ги креира на дискот како белешки и привремени (Temporary) документи, како и привремените документи и белешки што се запишуваат на хард дискот при сурфање на интернет, и се користат за побрзо и полесно отварање на страниците кои веќе еднаш сте ги посетиле. Тоа се Internet Temporary фајловите и колачињата (cookies). Тоа можете да го направите преку алатката Disk Cleanup кока ќе ја најдете во Start>Programs>Accessories>System Tools.

Хард дискот исто така од време навреме треба да се провери за евентуални грешки или оштетени сектори. Во зависност од тоа која верзија на Windows ја користите, оваа алатка ќе ја најдете или во Start-Programs-Accessories-System Tools-ScanDisk (кај постарите верзии), или во My Computer со десен клик на партицијата што сакате да ја скенирате, Properties>Tools>Check Now (во Windows XP).



5. Fatal OE и VXD грешки

Овие грешки се обично предизвикани поради проблем со графичките картички. Овој проблем најчесто може да се реши со редуцирање на резолуцијата на сликата. Тоа ќе го направите преку Start>Settings>Control Panel>Display>Settings. Доколку длабочината на боите е поставена 24 или 32 bit, намалете ја на 16 bit. Уверете се дали има некаков хардверски конфликт со видео картичката (точка 1). Превземети ги најновите драјвери за вашата картичка.



6 Вируси

Едни од најчестите проблеми денеска се вирусите и другите штетни софтвери кои денеска се во огробен број. Првите знаци при инфекција обично се нестабилност на системот. Некои вируси можат да го избришат и boot секторот на хард дискот, што го прави невозможен за стартување на системот. Затоа препорачливо е користење на некој добар анти-вирус софтвер, посебно доколку редовно користите интернет. Нив денеска ги има во изобилство, а вие треба да си го пронајдете најдобриот и најсоодветниот за вашиот систем. Наша препорака се: AVG Anti-Virus, Avast, Avira Anti-Vir, Kaspersky и NOD32. Напомена: Секогаш користете само еден антивирус програм, кој може да го користите и во комбинација со други софтвери за заштита (firewall и spyware). Многу често некои корисници прават голема грешка што инсталираат повеќе анти-вируси на еден систем мислејќи дека ќе добијат поголема заштита, што само посебе всушност може да предизвикува многу проблеми и конфликти. Секогаш користете само еден солиден анти-вирус кој редовно ќе го апдејтувате со нови заштити и дефиниции. Многу важно што треба да се запамети е дека АНТИ ВИРУСИТЕ И ДРУГИТЕ СЛИЧНИ ЗАШТИТНИ ПРОГРАМИ ТРЕБА ДА ГИ КОРИСТИТЕ ПРЕД СЕ ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ЗАРАЗУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ СО ВИРУСИ И ДРУГИ ШТЕТНИ СОФТВЕРИ, А НЕ ЗА ДА ГИ ОТСРАНИТЕ. Иако анти-вирусните програми најчесто лесно можат да одстранат некои вируси и да го исчистат компјутерот, понекогаш залудно е нивно користење или инсталирање откако ќе се заразите, бидејќи некои вируси едноставно е невозможно да се одстранат, и со самото работење на компјутерот тие се повеќе се шират и клонираат!!!

Интернетот денеска е преполн со штетници како вируси, шпиони, тројани, спамови и други непожелни софтвери и содржини. Токму затоа треба во голема мерка да се внимава кога користите интернет. Најнебезбедни веб сајтови се оние со порнографски содржини и страните за бесплатни нелегални софтвери, клучеви или кракови. Избегнувајте ги несигурните и непроверените веб сајтови. Избегнувајте да кликнувате на некои непожелни реклами, POP UP прозорци или спамови што ви се појавуваат додека сурфате. Избегнувајте ги лажните пораки за некакви си награди, или премии како редовен посетител. Избегнувајте ги рекламите за смајлија што многу често се појавуваат на веб страните. Не отварајте непотребни работи што не сте сигурни што се, и не ги отварајте mail-овите што ви стигнуваат како спам од некои групации или луѓе што не ги ни познавате, ниту пак сте се запишале некаде за да примате пошта од нив.



7 Принтери

Кога принтате некој документ, при задавањето на команда за започнување со принтање се креира еден поголем фајл, често наречен postscript file.

Принтерите имаат мала сопствена меморија која се нарекува бафер. Тој лесно може да се преоптовари и притоа системот да се блокира. Принтањето исто така користи и значителна процесорска работа, така да може привремено да го успори вашиот систем. Доколку принтерот се обидува да испринта некои невообичаени карактери или знаци, тие може да не бидат препознаени и тоа да предизвика рушење на системот (ова посебно важи за некои постари модели на принтери). Понекогаш принтерот неможе да се одблокира сам поради збунетоста односно заглавеноста во баферот. Најдобар начин за одблокирање е принтерот да се исклучи привремено и да се извади кабелот од компјутерот околу десетина секунди. Потоа по вклучувањето, принтерот ќе ги врати своите стандардни (default) подесувања и ќе можете да продолжите со негово користење.



8 Софтвер

Многу чест проблем за нестабилност на системот е лош или неправилно инсталиран софтвер. Често проблемот може да се реши со преинсталирање на софтверот. Постојат и програми кои ефиксно може да ги одстранат заостанатите програми во вашиот компјутер доколку имате проблем тоа да го направите преку самиот Windows. Исто така понекогаш потребно е ефикасно да ги исчистите и заостанатите ставки во системскиот регистар на Windows, со што ќе ги исчистите сите траги од софтверот со што ќе овозможите чисто инсталирање на нова свежа копија од програмот. Системскиот регистар може да биде заглавен од некои стари заостанати ставки од претходно анинсталиран софтвер, за кои вие сте мислеле дека е комплетно одстранет. Постојат и програми за успешно одстранување на заостанатите траги во регистерот, како што се Registry Cleaner, Registry Doctor и многу други. Притоа секогаш внимавајте да не избришете некои други работи со што може трајно да го оштетите регистарот. Доколку тоа се случи ќе треба да го преинсталирате вашиот Windows оперативен систем.

Често пати некој проблем може да се реши преку стартување на безбедниот мод на Windows (Safe Mod). Тој можете да го стартувате со притискање на F8 при стартување на компјутерот, пред да почне да се вчитува boot секторот. Безбедниот мод го стартува Windows-от со минимален број на вчитани драјвери, што ви овозможува да го пронајдете и поправите проблемот кој го спречува правилното стартување и работата на оперативниот систем.

Понекогаш инсталирањето на Windows-от е доста тешко и комплицирано поради несоодветни BIOS подесувања. Доколку имате некакви проблеми при инсталирањето пробајте да го исклучите CPU кешот во BIOS. Ако повторно имате проблем, исклучете го и L2 кешот. Доколку тоа помогне, вратете ги подесувањата по комплетирањето на иснаталацијата.



9 Прегревање

Процесорот кај компјутерот е опремен со ладилник или кулер кој што има задача да го лади во текот на работата бидејќи јадрото на процесорот се загрева кога тој работи, а уште повеќе кога се оптеретува со некоја апликација. Доколку процесорот нема правилно ладење, тој може да дојде до прегревање и да доведе до појава на грешка наречена kernel error (грешка во јадрото). Ова е многу чест случај кај оверклокуваните чипови, бидејќи на тој начин тие се форсираат да работат појако а со тоа генерираат и поголема топлина. Многу често се случува механичките кулери (вентилатори) поради долготрајна употреба да не функционираат како што треба. Тоа значи дека нешто ги кочи при работата и брзината на вртење значително опаѓа. Понекогаш е доволно само едно убаво прочистивање и подмачкување на електромоторот на вентилаторот, апонекогаш е неопходно и да се замени. Добро решение е да се набави поголем или помоќен кулер за поефикасно ладење. CPU проблемите често можат да бидат одстранети со исклучувањена внатрешниот кеш во BIOS. Ова може да предизвика нешто поспора работа на системот, но поголема стабилност.



10 Проблеми со електричното напојување

Со големиот број на конструкции и модели на напојувања денеска, често се случува неисправно или несоодветно напојување за системот кој не генерира доволен или постојан стабилен и континуиран напон. Тоа лесно може да доведе до паѓање на системот, исто како и моментално исклучување на струјата. Исто така доколку вашата електрична инсталација е слаба или непостојана, препорачливо е користење на UPS уред (генератор) кој ќе го снабдува компјутерот со исправно и постојано електрично напојување, и ќе ви даде неколку минути за довршување на вашата работа на компјутерот и правилно исклучување на системот по целосно снемување на струја. Тоа е многу добра и корисна инвестиција доколку податоците со кои што работите се критични и ви се од суштинско значење.



Заклучок

Најголемиот дел од сите проблеми што се јавуваат се кориснички, односно несоодветно и неправилно користење на компјутерите, што понекогаш може да биде ненамерно, а понекогаш и од недоволно знаење. Нормално дека понекогаш се случува и неконтролирано без ваша вина да откаже нешто или да се случи нешто непредвидено. Компјутерот е склоп на електронски делови, и како и секој друг електронски уред е подлежен на дефекти, слабости и грешки. Но доколку вие се грижите правилно за вашиот компјутер, и знаете кога и како да постапите и што е добро за негово одржување и правилна работа, тогаш можноста за појавување на било каков проблем ја сведувате на минимум, а вашиот компјутер многу подолго ќе ги задоволува вашите потреби и ќе ви биде веродостоен.
Вратете се на почетокот Go down
MaD VuK

MaD VuK


Male
Број на мислења : 220
Registration date : 2008-04-20

10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Empty
ПишувањеПредмет: Re: 10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите   10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Icon_minitimeНед Мај 04, 2008 11:57 pm

Браво бе Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
MaheR

MaheR


Male
Број на мислења : 164
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2008-04-20

10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Empty
ПишувањеПредмет: Re: 10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите   10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Icon_minitimeПон Мај 05, 2008 12:23 pm

Wink
Вратете се на почетокот Go down
MaD VuK

MaD VuK


Male
Број на мислења : 220
Registration date : 2008-04-20

10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Empty
ПишувањеПредмет: Re: 10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите   10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Icon_minitimeПон Мај 05, 2008 10:42 pm

Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Empty
ПишувањеПредмет: Re: 10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите   10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите Icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
10 причини и совети за нестабилноста на компјутерите
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Дијалектика :: Дијалектика :: Компјутерска технологија-
Отиди до: