Дијалектика
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Дијалектика

www.dijalektika-dd.tk
 
HomeHome  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Роси се враќа во игра

Go down 
АвторПорака
MaD VuK

MaD VuK


Male
Број на мислења : 220
Registration date : 2008-04-20

Роси се враќа во игра Empty
ПишувањеПредмет: Роси се враќа во игра   Роси се враќа во игра Icon_minitimeПон Мај 05, 2008 10:26 pm

Валентино Роси ја извојува првата победа во сезоната на трката во Шангај, прикажувајќи одлични перформанси. Италијанецот го остави зад себе Дени Педроза кој сега е на првото место во шампионатот.

Кејси стонер заврши на третото место пред Хорхе Лоренцо кој дефинитивно беше возач на трката, освојувајќи го четвртото место со скршен зглоб. Лоренцо се повреди на пробното возење во петокот но тоа не го спречи да се појави на кавлификациите, а потоа и на трката.

Разочарувањето дојде за Британецот Џејмс Тозленд кој ја зпочна трката од седмото место но на крајот заврши како 12-ти.

Пол позицијата ја имаше Колин Едвардс но откако премногу широко влезе во една кривина водството го преземаа Роси и Педроза.

До крајот на трката Педроза постојано беше зад Роси, исцрпувачки 15 кругови во кои Докторот не смееше да згреши. Во последните кругови Педроза реши да не го ризикува второто место па го намали темпото што резултираше со скоро 3 секунди предност за Роси.

Ова беше прва победа за Роси по девет трки, најдолг период без победа кој го имал откако почна да вози во МотоГП, пред скоро една декада.

"Јас сум многу, многу среќен, бидејќи ова беше долг период без победа, навистина тежок период", изјави Роси.

"Навистина морав да дадам се од себе за да го победам Дени. Ова е голема победа за нас."

Педроза додаде: "На крајот едноставно намалив бидејќи видов дека нема да го стасам Валентино, па решив да го зачувам моторот и да се задоволам со второто место."

Четвриот подиум во исто толку трки за Педроза го одведе на првото место со 81 поен, со Лоренцо на второто со 74 и Роси со 72 на третото место во шампионатот.
Вратете се на почетокот Go down
 
Роси се враќа во игра
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Дијалектика :: Дијалектика :: Машини-
Отиди до: