Fatal error: the system has become unstable or is busy. Enter to return to Windows or press Control-Alt-Delete to restart your computer. If you do this you will lose any unsaved information in all open applications.
Ова е добро познатиот плав екран или Blue Screen of Death - BSOD. Секој што користи или барем некогаш користел Microsoft Windows оперативен систем, го сретнал овој проблем. Што можете да направите? Или уште поважно, како да го спречите појавувањето на овој проблем?
1 Хардверски конфликт
Број еден причина за рушење на Windows системот е хардверски конфликт. Секој хардверски уред кај компјутерот комуницира со другите, преку т.н. interrupt request канал (IRQ). Тој треба да биде уникатен и единствен за секој уред односно хардверска компонента.
На пример, принтерот обично го користи IRQ 7 каналот, тастатурата IRQ 1 а флопи драјвот IRQ 6. Секој уред се обидува да си го резервира и задржи својот канал за себе.
Ако системот има многу уреди, или ако тие не се инсталирани соодветно, можно е да се случи два или повеќе различни уреди да делат иста IRQ вредност. Кога корисникот се обидува да ги користи тие уреди истовремено, можно е нестабилност и паѓање на системот. За да проверите дали вашите хардверски компненти имаат конфликт, направете го следново.
Отворете Start > Settings > Control Panel > System > Device Manager.
Често кога некој уред има конфликт, се појавува знакот извичник врз иконата на уредот во Device Manager-от. За да ги проверите сите резервирани IRQ броеви во вашиот систем, отворете
Start > Programs > Accessories > System Tools и отворете го System Information. Од левата страна најдете го IRQ’s во секцијата Hardware Resources. Многу често е случај на делење на некој IRQ број од страна на два или повеќе уреди но не секогаш тоа представува проблем. Во денешните компјутери скоро и да не постои конфигурација што не користи некој IRQ број за повеќе компоненти. Но доколку сепак ова претставува поголем проблем, најдобро решение е одстранување на уредот и негово преинсталирање. Понекогаш можеби е потребно да ги превземете најновите драјвери од интернет за соодветниот хардвер за да функционира правилно. Еден од најдобрите веб сајтови со речиси сите можни драјвери за најразлични хардверски компоненти е страната
www.driverguide.com. Или уште посигурно е да ги побарате драјверите од официјалниот сајт на производителот на соодветниот уред. Исто така доколку уредот кој што има конфликт е аудио картичка или модем, понекогаш многу корисно решение е доколку истиот се премести на друг слот или порт. Напомена: секогаш кога работите нешто со внатрешниот хардвер на вашиот компјутер, строго се препорачува компјутерот претходно да е исклучен, главните водови за напојување да бидат откачени, и да го неутрализирате можниот статички електрицитет во вашето тело со тоа што ќе допрете некоја метална нефарбана површина.
Да бидеме фер спрема Microsoft, проблемот со IRQ броевите не е воопшто нивна вина. Тоа е суштински проблем уште од времето на првите PC-а базирани на IBM 8086 чиповите. Тогаш бројот на IRQ канали беше 8, потоа беше 16, а поради се поголемиот број на хардверски уреди и најразлични компјутерски гаџети, кај денешните PC-а бројот на IRQ канали се повеќе се зголемува.
2 Неисправна RAM меморија
Проблемот со RAM мемориите најчесто предизвикува појава на плавиот екран - BSOD со порака која вели Fatal Exception Error. Ова значи навистина сериозен хардверски проблем. Понекогаш тоа значи дека некој дел од вашата меморија е оштетен и треба да го замените меморискиот модул.
Но исто така овој проблем може да биде предизвикан и од несоодветни и некомпатибилни мемориски чипови, или комбинација на два или повеќе мемориски модули кои меѓусебно се разликуваат во некои карактеристики. На пример, комбинирање на 70ns (наносекунди) RAM со 60ns Ram најчесто предизвикува вкупниот RAM да работи со помалата брзина. Ова ќе доведе до рушење на системот доколку RAM-от се преоптерети со некоја апликација.
Едно од решенијата е во BIOS-от на плочата да се зголеми тајмингот на RAM-от. Ова може значително да ја подобри стабилноста на системот. Друг начин за решавање на овој проблем е да се преместат RAM модулите на други слотови, да си ги заменат местата, или пак да се одстрани некој модул. Обидете се да ги проверете сите околности и да видите во која ситуација системот е нестабилен. Кога ракувате со модулите, припазете да не ги допирате златните конектори на истите, во спротивно лесно може да ги оштетите модулите.
Доколку на екранот се појави порака за Parity error, тоа исто така се однесува на RAM-от. Модерните мемориски чипови се или parity (ECC), или non parity (non-ECC). Најдобро е да не се комбинираат двата типа, бидејќи може да предизвикуваат проблем.
EMM386 пораката исто така се однесува на меморијата, но немора да значи дека се работи за RAM-от. Тоа може да биде последица од проблемот со слободната меморија, и често се однесува на старите DOS апликации.
3 BIOS подесувања
Секоја матична плоча е обезбедена со спектар на подесувања на чипсетот, кои се усвојуваат во компанијата која што ги произведува. Најчест начин со кој се пристапува до овие подесувања е притискање на копчето delete или F2 на тастатурата, при првите секунди од стартувањето на системот.
Еднаш штом ќе пристапите во BIOS-от, треба да водите голема грижа при промените на подесувањата што ги правите, ова поготово важи за понеискусните корисници. Добра идеја е да ги запишете на хартија основните (стандардните) подесувања што се поставени. На тој начин, доколку со промените кои што ќе ги направите, вашиот систем стане уште понестабилен, ќе знаете како да ги вратите првичните поставки.
Еден ед најчестите грешки со BIOS-от е CAS latency вредноста која се однесува на RAM-от. Постарите EDO (extended data out) мемории имаат CAS latency 3. Поновите SDRam мемории имаат вредност од CAS latency 2, а најновите DDRam мемории може да имаат вредност 3, 2.5, а некои и 2. Поставување на погрешна вредност може да предизвика заклучување на меморијата и замрзнување на сликата на екранот.
Microsoft Windows системите се подобри во доделувањето на IRQ вредностите од било кој BIOS. Доколку е можно, поставете го на автоматско доделувањето на IRQ вредностите во BIOS. Ова ќе му овозможи на Windows-от самиот да ги додели вредностите (проверете дали опцијата Plug and Play OS во BIOS е поставена на “yes” или “PnPOS”).
Продолжува...