За побрзо, и постабилно работење на Windows XP, можете да исклучите некои непотребни сервиси. Отворете Control Panel > Administrative Tools > Services. Ако вашиот компјутер не е поврзан во никаква мрежа и не е конфигуриран за мрежно работење, можете безбедно да ги исклучите следните сервиси без никакви последици.
Alerter
Clipbook
Computer Browser
Fast User Switching
Human Interface Access Devices
Indexing Service (ја успорува работата на хард дискот)
Messenger
Net Logon (непотребен доколку не користите network domain)
Netmeeting Remote Desktop Sharing (за дополнителна безбедност)
Remote Desktop Help Session Manager (за дополнителна безбедност)
Remote Procedure Call Locator
Remote Registry (за дополнителна безбедност)
Routing & Remote Access (за дополнителна безбедност)
Server
SSDP Discovery Service (се однесува на бескорисниот "Universal P'n'P" сервис, и го држи TCP портот 5000 широко отворен)
TCP/IP NetBIOS Helper
Telnet (за дополнителна безбедност)
Universal Plug and Play Device Host
Upload Manager
Windows Time
Wireless Zero Configuration (за бежична мрежа)
Workstation.
За да ги исклучите овие сервиси, со десен клик поединечно на секој од нив изберете properties. Доколку сервисот е активен и сакате моментално да го исклучите, стиснете Stop. Доколку сакате да го исклучите автоматското стартување на сервисот при подигање на системот, во полето Startup Type изберете disable.