На стариот добар XP оперативен систем уште еднаш му е продолжен рокот до неговото официјално исфрлање од употреба и целосното заменување со Vista.
Ова доаѓа како резултат од појавување на евтини персонални сметачи од ниската класа. Поради се поголемата популарност на овие системи, Microsoft одлучи да ја оддржи во живот Windows XP Home Edition верзијата, но ќе биде достапна само за Eee PC се до 30ти Јуни 2010 година, односно една година после појавувањето на Windows 7.
Логиката е следна. Поради слабите перформанси кои ги имаат системите како ASUS Eee PC, овие уреди нема да имаат шанса да се справат со оперативен систем како Vista и ќе станат единствена цел на Linux оперативните системи кои се многу понезахтевни од Vista. За да го спречи губењето на тој дел од пазарот Microsoft решава да продолжи постоењето на XP, од таргетираната дата за овој Јуни до дури две години покасно.