Од компанијата Nokia објавија дека работат на Tube уредот кој ќе биде директен конкурент на iPhone, а со оглед на тоа дека станува збор за најголемиот производител на мобилни телефони во светот, многумина веруваат дека ќе биде понапреден од iPhone.
Првите слики од Tube, компанијата Nokia ги претстави на конференција во Калифорнија. Според овие слики Tube е многу сличен на iPhone. Nokia верува дека овој уред ќе биде многу конкурентен на iPhone и ќе биде првиот уред од Nokia со екран на допир и Java поддршка.
На конференцијата станало збор и за бројот на испораки на iPhone. Од денот на лансирање во Јуни минатата година па се до денес, Apple има испорачано од 5 до 6 милиони од популарниот iPhone. Според Tom Libretto, потпретседателот на форумот на Noika, оваа бројка воопшто не е ненадминлива и верува дека неговата компанија ќе ја помине за кратко време.
Како и да е ќе биде интересно да се види како ќе се покаже уредот на кој Nokia најавува дека се работи жестоко, кои ќе бидат останатите карактеристики на Tube, каква ќе биде реакцијата на Apple и кои ќе бидат идните планови на компанијата.