Некои корисници на Windows XP имаат проблем со многу споро гасење на компјутерот. Иако ова може да биде предизвикано од најразлични причини, најчесто тоа е случај кај системите со NVIDIA графички картички кои имаат инсталирано од поновите верзии на драјвери. Еден сервис кој се нарекува NVIDIA Driver Helper Service се вчитува при подигање на системот и поради некои причини често не се исклучува правилно. Овој сервис не е многу неопходен и исто така доколку се исклучи може да ослободи одредено количество на меморија на вашиот систем. Еве како ќе го направите тоа:
1. Отворете го Control Panel
2. Отворете го Administrative Tools и изберете Services
3. Десен клик на "NVIDIA Driver Helper Service" и изберете STOP.
4. За да го исклучите сервисот за секое подигнување на системот, повторно десен клик, изберете properties, и во опцијата "Startup Type" изберете Manual како што е прикажано на сликата.