Знаеме дека Beagle 2 беше единствената мисија со која се планираше да се изведе есперименти чија цел беше детектирање живот на црвената планета. Пред дваесетипет години Viking проектот на NASA ја започна потрагата по живот на Марс. Изведените eксперименти беа дизајнирани да откријат постоење на активни метаболизми, но за жал со скромни претходни сознанија за Марс, затоа некои од резултатите останаа неразјаснети до денес. Овие резултати доколку се протолкуваат на еден начин во нив може да се забележи биолошка активност, доколку, пак, се протолкуваат поинаку може да се протолкуваат како последица од хемиски реакцији.
Во времето на Viking мисијата (1975/6) еден од инструментите не успеа да детектира присуство на органска материја (над нивото на контаминација на инструментите) со што не можеше да се донесе валиден заклучок. Исто така се претпоставуваше дека до следната мисија кон Марс ќе поминат само неколку години. Во такви околности непостоењето на валиден доказ набргу беше протолкувано: 'На Марс нема живот' иако всушност вистинскиот одговор го немаме.
Во истиот период додека мисијата Viking траеше на Антарктикот беа собрани метеорити од кои беа собрани докази за тоа дека Марс, сепак, не е пуста планета. Со изучување на изотопскиот состав на метеоритот со МС може да точно да се определи од кој објект од сончевиот систем потекнува. Слично како што со ДНА може да се утврди за кој животински вид станува збор.
Што мислите дали има живот на Марс?
Како си ги објаснувате марсовците, чиниите.. сето тоа што се случуваше во мкд?